8.400 деца затруени од храна во училишта во Германија

Од:

Околу 8.400 деца се затруле при исхрана во мензите во неколку улчилишта и градинки во Германија, објавија германските власти.

Труењето, чии симптоми се повраќање и дијареја, се појавило кон средината на неделава и досега се регистрирани околу 8.400 случаи на гастроентерит кај деца од училишта и градинки во Берлин и во покраините Бранденбург, Саксонија, Тирингија и Саксонија-Анхалт.

Според лекарите, труењето нема сериозни последици и најголемиот дел од децата се опоравуваат за два дена, без притоа да има потреба за нивна хоспитализација.

Засега не се познати причините за ова масовно труење, а резултатите од примероците кои се земени за анализа во Институтот за вирусологија „Роберт Кох“, се очекува да бидат познати утре.

Се претпоставува дека труењето е предизвикано од храна која била доставена до сите училишта и градинки од страна на еден дистрибутер.

Би можело да ве интересира

„Црниот мраз“ ја парализира Германија: Повеќе од 260 сообраќајки, затворени училишта и патишта

AfD подели илјадници лажни авионски билети на мигрантите за депортација

Ако не е произведено во Дубаи, не смее да се рекламира како „Дубаи чоколадо“, реши суд во Германија

Автобуска несреќа во Германија: Најмалку двајца загинати, има многу тешко повредени

АфД ја именуваше Алиса Вајдел за свој кандидат за канцелар на претстојните избори

Протести против АфД во Германија, полицијата употреби солзавец против демонстрантите