Селекторот на македонската ракометна репрезентација Ивица Обрван со неговите соработници ја подготвува тактиката за утрешниот дуел со Босна и Херцеговина. Тој побара од неговите избраници максимална борба за секоја топка во текот на целиот меч и во никој случај потценување на противникот кој вчера загуби од Австрија.
– Не сееме никого да потцениме, едноставно секогаш мора да играме максимално. Босна одигра рамноправно и со Австрија иако го загубија натпреварот. До средината на вториот дел беше изедначено и потоа противникот направи предност која се покажа решавачка. И БиХ има планови за победа, но нас триумф и дефинитивно ќе не однесе во осминафиналето. Ги знаеме играчите и начинот на игра на следниот противник и можеби тоа е мала олеснителна околност, изјави селекторот Обрван.
Македонија утрешниот дуел од 3.коло во Б групата на Мундијалот во Катар го дочекува од првата позиција со максимални две победи по првите две кола, додека БиХ има една победа и еден пораз.