Од почетокот на 21-от век во Шведска исчезнале над 160.000 работни места во индустриските гранки.
Како последица на таквите трендови, најголемите синдикални организации предупредуваат дека Шведска е на пат да се деиндустријализира, а што во долгорочна перспектива претставува закана за развојот на општеството на социјална благосостојба, јави дописникот на МИА од Гетеборг.
Во тој контекст се укажува дека Шведска премалку инвестира во развојни и истражувачки проекти.
– Мораме да овозможиме сеопафтно вложување во идните зајакнувања и подигнувања на компетенциите во индустриските гранки, вели за Шведското радио Андерс Фербе, претседател на Сојузот на металските работници.
Според неговото мислење, за да се запази идниот индустриски развој во Шведска, ќе бидат потребни мерки во рамки на енергетската политика и инфраструктурата.
– Ако направиме споредба со Англија, која имаше енормна деиндустријализација во 1970-ите и 1980-ите години, што прават тие денес? Се обидуваат да спроведат нова индустријализација. Се недавем дека ние ќе бидеме поштедени од таквиот процес, така што наместо тоа ќе можеме да ја сочуваме индустријата која веќе ја имаме сега и да се погрижиме да обезбедиме подобри претпоставки за идниот развој, вели Андерс Фербе.