Главниот уредник на „Шарли ебдо“, Жерард Биар изјави дека со објавувањето на карикатурите со верски ликови францускиот неделник всушност ја заштитува слободата на религијата.
– Секогаш кога го цртаме Мухамед, независно дали е тоа цртеж со Мухамед или цртеж со Бога ние ја заштитуваме слободата на религијата, изјави Биар во интервју за американскиот ТВ канал Ен-Би-Си Њуз.
Тој појасни дека карикатурите всушност укажуваат дека Бог не треба да биде јавна и политичка фиугура, туку нешто лично и интимно.
Според него религијата не треба да биде политички аргумент, бидејќи „кога таа ќе излезе на политичката арена станува тоталитарен аргумент“.
– Секуларизмот не заштитува од тоа, секуларизмот ја гарантира демократијата и го обезбедува мирот. Секуларизмот им овозможува на сите верници и неверници да живеат во мир и за тоа всушност се бориме ние, истакна Биар.