Нова социјалдемократска партија-НСДП смета дека доколку во една земја се замолчуваат новинарите, умира слободата.
Со затварањето на новинарот Томислав Кежаровски тоа дефинитивно се случи во Македонија.
Од таа причина ги повикуваме сите членови и симпатизери на НСДП, како и сите слободоумни луѓе да дојдат во вторник во 12 часот пред Апелациониот суд.
Не само за Кежаровски, туку за слободата се работи, велат од НСДП.