Носителот на фаворитската улога во нашата група, репрезентацијата на Хрватска, успеа да ја забележи втората победа на светскиот шампионат во Катар, oткако денес во „Духаил арената“ го совлада Тунис со 28:25.
Чупиќ со 8 и Штрлек со 7 гола се истакнаа кај „коцкестите“, а Банур даде 9 гола за селекцијата на Хасанефендиќ.