СОНК останува на ставот штрајк во вторник ќе има. Првиот човек на СОНК, Јаким Неделков за 24 вести вели дека учебната година ќе започне без наставници и ученици.
Синдикалниот лидер посочува дека барањата се основани и нема да отстапат доколку не бидат целосно исполнети, а за тоа ја имаат и поддршката на меѓународната заедница.
Неделков тврди дека иако од повеќе локални претставништва на СОНК стигнаа соопштенија дека се против штрајкот, тој сепак нема да пропадне. Има притисок, кој најчесто доаѓа од општинските власти и партиски приврзаници блиски до власта, рече тој.