Вториот натпревар од Светското првенство во ракомет на македонската репрезентација која од 17 часот се среќава со Иран ќе го судат домашните судии Мансур Абдула Ал-Суваиди и Салех Џаман Бамутреф од Катар.
Македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов повторно ќе бидат на теренот. По вчерашниот дуел меѓу Полска и Германија денеска го судат натпреварот Бразил – Шпанија.
Македонија денеска претставник на Мундијалот ќе има и меѓу делегатите. Драган Начевски ќе биде делегат на натпреварот меѓу Катар и Чиле.