Давутоглу: Израелските „провокации“ го радикализираат муслиманскиот свет

Од:

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу го обвини денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за тероризам, и рече дека израелските „провокации“ како бомбардирањето на Газа придонесуваат за радикализирање на муслиманскиот свет.

Според Давутоглу, без создавање палестинска држава би било буквално невозможно да се постигне мир на Блискиот исток и да се уништат екстремистичките групи.

– Самиот Нетанјаху убиваше, неговата армија убиваше деца на игралиште. Тие убија наши граѓани и американски граѓани во меѓународни води. Тоа е тероризам. Никој не може да ја спори израелската агресија во Ерусалим во џамијата Ал Акса, рече тој.

– Ако сакаме да воспоставиме мир и ред на Блискиот Исток, треба да ги елиминираме сите екстремистички сили и да го решиме палестинското прашање, додаде турскиот премиер.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ