Од натпревар во натпревар забележлив е напредокот кај Дејан Манасков, кој против Тунис покажа концентрација при одлучувачките моменти и постигна 6 гола од исто толку обиди.
Зрелоста може да се почувствува и во неговите зборови по победата.
„Ние во двете полувремиња игравме добро, дисциплинирано и во двата правци. Заслуживме да триумфираме и сега треба да се одмориме. Следува Иран, кој е послаб, не е калибар на Тунис, но не е ни наивен. Се надевам дека со концентрирана игра ќе прославиме уште два бода”, рече Манасков видно исцрпен, но и задоволен по средбата.
www.lazarovkiril7.com