Наставникот од ОУ „Кочо Рацин“, Ангел Давчевски во Свети Николе е главниот контра протестант за штрајкот на СОНК.
Државната новинска агенција МИА, го цитираше токму ставот на Давчевски, кој смета дека актуелното раководство на СОНК одлуката ја донело заради лични причини и самопромоција, објави bulevar.info и констатира дека тоа го прави само поради својата матична партија, ВМРО – ДПМНЕ.
Инаставничката Лидија Балџиева од основното училиште “Димитар Македонски“ истапи против претседателот на СОНК, Јаким Неделков, со убедување дека не е прифатлив штрајкот и со наметнување од одредени медиуми дека Неделков сака само да си обезбеди уште еден мандат“.
Таа е помалку позната во јавноста како дел од групата за поддршка на Ѓорѓе Иванов за претседател, но и чест посетител на штабот на ВМРО-ДПМНЕ, за време на парламентарните и претседателските избори.