(ВИДЕО) Митровски: И медиуми не плаќале К-15

Од:

Текстилни фабрики, брокерски друштва, ресторани се дел од фирмите кои на своите вработени не им исплатиле К-15 или регрес за годишен одмор, соопшти претседателот на ССМ, Живко Митревски.

Според пријавите и сознанијата кои ги има сојузот на синдикати регрес за годишен одмор не добиле и вработени во медиумскиот сектор.

А1 веќе објави дека на вработените во националната телевизија Канал 5 еднократно им се намалија платитете во износ од 30 отсто.

30-otstokanal-5

Вработените кои до нашата редакција го испратија документот каде менаџментот ја објаснува причината за кратењето ја поврзуваат со исплатата на регресот за годишен одмор во износ од 8.500 денари.

Според документот кој беше закачен на огласната табла во телевизијата, кратењето на платите еднократно е поради лошите финансиски резултати за месец септември и октомври минатата година.

Вработените кои го испратија документот до А1 а сакаа да останат анонимни коментираа дека еднократното кратење на платите е токму за да не се исплатат тие 8.500 денари.

„Одлуката е симптоматична и доаѓа во период кога треба да се исплатат тие 8,500 денари. Ние ќе ги добиеме тие пари но ни се кратат платите за 30 % и само за еден месец. Дали на овој начин телевизијата на правен начин ја заобиколува одлуката на Владата“, изјави вработен во Канал 5 кој остана анонимен плашејќи се за своето работно место.

Канал 5 е една од телевизиите кои се јавуваат како донатори во кампњата на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори во 2013-та година.

Според документите доствени од владеачката партија до Државната ревизија телевизијата за потребите на партијата на власт донирала 8.900.000 милиони денари или околу 144.000 евра.

Би можело да ве интересира

Трговците се алчни, прво ги зголемија, па ги намалија цените за да им остане истиот профит обвинува ССМ

Се повеќе пари се трошат на храна, минималната кошница за октомври 1000 евра

Трендафилов: Аргументите за пораст на платите се на наша страна, очекуваме сериозно да се разгледуваат на ЕСС

ССМ: Укината е срамната ревизија донесена од тројцата судии

Горан Наумовски

ССМ очекува благо зголемување на минималната синдикална кошничка

Горан Наумовски

ССМ: Борбата за раст на платите не е политичка