Како и за секој протест против Владата, така и за СОНК се појавија “контраши“ кои треба да го амортизираат незадоволството. Овој пат наставничката Лидија Балџиева од основното училиште “Димитар Македонски“ истапи против претседателот на СОНК, Јаким Неделков, со убедување дека не е прифатлив штрајкот и со наметнување од одредени медиуми дека Неделков сака само да си обезбеди уште еден мандат“.
-Не сакаме да дозволиме да бидеме неми кукли во рацете на тесното раководство на СОНК кои ако сакаа до сега многу пати ќе се избореа за наставниците. Смешно е да си играат со нас и на секои три месеци да не тераат на штрајк без јасни концепти, рече Лидија Балџиева.
Таа е помалку позната во јавноста како дел од групата за поддршка на Ѓорѓе Иванов за претседател, но и чест посетител на штабот на ВМРО-ДПМНЕ, за време на парламентарните и претседателските избори, покажуваат фотографиите на bulevar.info.
Претседателот на СОНК веќе кажа дека е згрозен од ваквите обиди да се девалвира СОНК и да се спречи штрајкот кој е уставно загарантиран.Лицата кои излегоа на прес конференцијата ги нарече читачи на однапред напишани текстовикои според него законски ќе одговараат за лаги и лични клевети.