Босна и Херцеговина почна со победа на Светското првенство во Катар, откако попладнево го победи Иран со 30:25 (12:16).
Во првиот дел доминираше составот на Иран, а репрезентативците на БиХ како да беа изненадени од силниот почеток на ривалот.
На стартот на вториот дел БиХ направи серија од 7:0 за водство од 19:16, а Иран првиот гол во втриот дел го постигна во 40. минута.
Најефикасни беа Душко Челица со 6 голови кај БиХ и Естеки со 7 кај Иран.
Во ист овој термин се играше натпреварот Русија – Саудиска Арабија, на кој русите славеа со убедливи 27:17.