Јунајтед ерлајнс со план за летови до Куба

Од:

Авиокомпанијата Јунајтед ерлајнс планира да почне редовни летови до Куба од аеродромите во Хјустон (Тексас) и од Њуарк (Њу Џерси) ако дозволат властите, изјави портпарол на авиопревозникот.

Министерството за финансии на САд вчера објави дека од денеска САД олеснуваат економски санкции спрема Куба.

Можностите за патување до Куба како и трансферот на пари на кубански имигранти ќе бидат одобрени од Вашингтон иако американското економско ембарго, објавено во 1962 година ќе продолжи и ќе треба да биде укинато од Конгресот на САД.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија