Во салата „Лусаил“ пред околу 15 илјади гледачи вечерва официјално е отворено 24. Светско ракометно првенство што се игра во Доха, Катар.
Во официјалната програма учествуваше и македонската поп-ѕвезда Даниел Кајмакоски, кој беше дел од изведувачите на химната на Мундијалот.
Организаторот на Свеченото отварање, Македонија ја претстави под уставното име. На отворањето на Мундијалот присуствуваше и претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов.
Во тек е првиот дуел од шампионатот меѓу домаќинот Катар и репрезентацијата на Бразил.