Зајакнати безбедносни мерки во Подгорица поради посетата на Хашим Тачи

Од:

Црногорските власти ги зајакнаа безбедносните мерки во Подгорица поради дводневната посета на косовскиот министер за надворешни работи Хашим Тачи, јави Танјуг.

Патрола на специјалните единици од вчера стои пред косовската амбасада, а се преземени и специјални мерки во пресрет на планираните за утре протести на бегалци од Косово.

Поради безбедносни причини е откажано предавањето за интергација во НАТО, за што Тачи требаше да зборува во Подгорица.

– Полицијата нема да дозволи предизвикување на инциденти, изјави за локалните медиуми заменикот директор на полицијата Никола Јанушевиќ.

Според него, организаторот на утрешниот протест е целосно запознаен со обврските што треба да ги исполни, а полицијата, што ќе го обезбедува протестот ќе ги преземе сите неопходни превентивни мерки за зачувување на јавниот ред.

Би можело да ве интересира

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски

Уште една жртва од масакрот во Цетиње, почина еден од тешко ранетите

Катерина Ѓуровски

Црна Гора: Спајиќ не присуствува на божиќната литургија поради лошата здравствена состојба

ВИДЕО: 12 минути молк на Цетиње за жртвите од масакрот