Турција: Израел треба да ја запре агресивната и расистичката политика

Од:

Израелската Влада треба да ја запре агресивната и расистичката политика, а не да ги напаѓа другите и да се крие зад антисемитизмот, изјави Ибрахим Калан, портпарол на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Калан посочи дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се обидува настаните во Париз да ги искористи за сопствени политички цели кои „не е ништо друго освен непочитување на невините граѓани, убиени во Газа, и стремеж за жална политичка претстава пред меѓународната заедница“.

Калан наведе дека израелскиот премиер дејствувал спротивно на сите светски лидери, кои се залагаат терористичките напади да не бидат поврзани со исламот.

– Обидот на Нетанјаху да ги поврзе нападите со исламот, користејќи ја формулацијата „исламски тероризам“ може да се нарече со еден збор – исламофобија, кој е целосно неприфатлив, потенцира Калан.

Тој истакна дека израелската Влада треба да ги прекине агресивните и расистички политики и да научи да ги почитува правата и законите на палестинскиот народ.

Шефот на израелската дипломатија Авигдор Либерман вчера го нарече Ердоган „антисемитски силеџија“ поради што го критикуваше присуството на Нетанјаху на маршот на солидарноста во Париз во неделата. Додека турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу денеска Либерман го изедначи со терористите од Париз, истакнувајќи оти Израел извршил злосторства против човештвото во Појасот Газа, еднакво на злосторствата на исламските терористи.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ