Дачиќ: Србија е подготвена да биде чесен посредник во надминување на украинскиот конфликт

Од:

Србија е подготвена да ја изврши улогата на „чесен посредник“ во надминување на украинскиот конфликт, изјави денеска претседателот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа и шеф на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, на заседанието на Постојаниот совет на ОБСЕ, пренесе ТАСС.

Дачиќ изјави дека договорите од Минск и натаму треба да бидат темелот на овој процес.

-Сметам дека работата на Контакт групата за Украина ќе донесе суштствен придонес во развојот на овие договори и за надминување на конфликтот, рече Дачиќ, кој ги претстави приоритетите на српската Влада во организацијата.

Според него, „создавањето на атмосфера на дијалог и компромис е заедничка одговорност на земјите учеснички во организацијата“.

-Но тоа е невозможно да се постигне со повреда на нормите и принципите на ОБСЕ, рече српскиот министер за надворешни работи, цитиран од ТАСС. 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници