Бројот на заканите кон еврејската заедница во Шведска е двојно поголем по нападите врз редакцијата на „Шарли ебдо“ во Париз и убиството на четворицата Евреи во супермаркет.
– Заканите во Шведска се зголемија речиси двојно, изјави претставничка на Советот на еврејските заедници во Шведска.
Зајакната е и безбедноста на еврејските институции, посебно во главниот град Стокхолм.
Според претставничката на шведската еврејска заедница, „разузнавачките служби и полицијата оцениле дека нивото на безбедносните мерки треба да се зголеми“.
Портпарол на шведската полиција изјави дека било зајакнато обезбедувањето на десетина објекти во Стокхолм, без да потврди за кои станува збор.
Според шведскиот Совет на еврејските заедници, во земјата живеат околу 20.000 евреи, од кои половината во Стокхолм.