Сцената од вчерашното самоубиство во дирктниот пренос на Фокс нјус денеска се појави на социјалните мрежи. Новинарите од американската телевизија со хеликоптер вршеа директен пренос на полициската потера по осомничен кој имаше украдено автомобил во Аризона.
По неколку километри возење во пустината, возачот на украдениот автомобил излезе од него, потрча по патот и кај најблиските грмушки го впери пиштолот во главата и пукаше.
Мажот, кој беше облечен во црна спортска облека, пред да се убие пукаше и на полицијата.
Коментаторот на „Фокс нјус“, кој заедно со гледачите во живо ја следеше потерата, веднаш после сцената која никој не ја очекуваше, повика да се пуштат реклами.
Неколку интернет сајтови за кратко време ја проширија снимката.