Оланд: „Шарли ебдо“ е жив и ќе продолжи да живее

Од:

Францускиот претседател Франсоа Оланд, по објавување на првиот број од сатиричниот неделник по исламистичкиот напад на редакцијата во кој беа убиени 12 лица, изјави дека „Шарли Ебдо“ е жив и дека ќе продолжи да живее.

-Може да убиете луѓе, но никогаш не можете да ги убиете нивните идеи – рече тој, пренесе „Франс прес“.

Инаку вчерашното издание, кое што беше пуштено во тираж од 3 милиони примероци, а на чија насловна страна е ликот на пророкот Мухамед е продадено за доста кратко време.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата