Проширувањето останува еден од приоритетите на Летонија

Од:

Приоритетите на Летонија за време на претседавањето со Европската Унија се познати: поголема компетивност на Европа, дигитална Европа и поголема улога на Европа на меѓународната сцена.
Но сепак еден од приоритете на летонското претседавање останува проширувањето на ЕУ, на што потсети лично претседателката на Владата на Летонија Лаимдота Страујума, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

„Ние ќе работиме и соработуваме активно со земјите кандидати за да продолжи нашата работа со проширувањето. Ние сме отворени за проширувањето на Европската Унија, но секој случај треба да биде разгледуван според поединечните заслуги на земјите кандидати. Потребно е да бидеме внимателни, да се види која е ситуацијата во различните сектори, како правосудството итн. Можам само да се потсетам колку бешто тоа тешко за нас. Ни требаше многу, многу време за да го приближеиме нашето законодавство кон европското. Проширувањето е запишано во програмата на летонското претседателство и ние ќе продолжиме да работиме со земјите кои започнаа преговори и земјите кандидати, изјави премиерката на Летонија Лаимдота Страујума по претставувањето на приоритетите на нејзината земја.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ