Фирма од Зајас ќе ги одржува државните патишта

Од:

Фирмата ПЕРПАРИМИ Нухи Реџепи ДООЕЛ од село Долно Строгомиште-Зајас ќе ги одржува државните патишта во скопската, штипската и велешката подрачна територија.

Денска до бирото за јавни набававки јавното претпријатие Македонија пат ги доставила договорите. Сите се со важност од една година а договорот почнува да важи од 26.12.2014-та до 26.12.2015-та.

Во трите одделни постапки фирмата ПЕРПАРИМИ Нухи Реџепи ДООЕЛ се јавува како единствен понудавач а нема никаква разлика помеѓу највисоката и најниската добиена понуда.

Па така за одржување на државните патишта на територија на подрачје Скопје јавното претпријатие Македонија пат на фирмата од село Долно Строгомиште ќе и плати 30.515.207 милиони денари со вклучен ДДВ или околу 495.000 илјади евра.

Македонија пат услугата ја процениле на 32.000.000 милиони денари а најниската но и највисока единствена понуда на фирмата ПЕРПАРИМИ била 10.900.800 милиони денари или за три пати помала сума од онаа која е потпишана.

1

140115-041420-d4fa8e48-5b30-4b78-9636-97887dd42afb-2

140115-041420-d4fa8e48-5b30-4b78-9636-97887dd42afb-3

140115-041420-d4fa8e48-5b30-4b78-9636-97887dd42afb-4

ПЕРПАРИМИ Нухи Реџепи ДООЕЛ ќе ги одржува и државните патишта на подрачјето Штип. И во овој случај единствената понуда доаѓа од фирмата од Зајас а договорот со вклучен ДДВ тежи 7.185.058 милиони денари или околу 117.000 евра.

Највисоката но и најниска понуда за овој тендер е идентичен или 3.610.850 милиони денари. Македонија пат за овој тендер проценила дека се потребни 7.500.000 милиони денари а склучениот договор е потпишан на сума за два пати поголема од најниската добиена понуда.

И за подрачјето на Велес договорот стапува на сила на 26.12.2014-та со време траење од една година или до 26.12.2015-та.

1

2

3

4

Фирмата од Зајас ќе ги чисти државните патишта и на подрачјето на Велес. За овој дел Македонија пат на фирмата ПЕРПЕРИМИ од Зајас ќе и плати 4.155.881 милиони денари со вклучен ДДВ или околу 67.000 евра.

И за овој тендер најниската добиена понуда е за два и пол пати помала од склучениот договор.

Најниската понуда на фирмата од Зајас била 1.567.300 милиони денари а проценката на Македонија пат за оваа услуга е 4.500.000 милиони денари.

1

2

3

4

Фирмата од Зајас ќе ги одржува и државните патишта на територија на Битола.за цена од 11.239.980 милиони денари до вклучен ДДВ или околу 183.000 евра.

1

2

3

4

За одржување на автопатиштата Македонија пат на ПЕРПЕРИМИ ќе и плати 4.534.333 милиони денари со вклучен ДДВ или околу 73.000 евра.

Ако се соберат сите реализирани и објавени договори досега, фирмата ПЕРПЕРИМИ од државата ќе инкасира 57.630.549 милиони денари или околу 938.000 евра.

Со јавното претпријатие Македонија пат управува Гајир Кадриу кадар на ДУИ. Инаку изминатиот период кога во земјава падна снег за неажурност на претпријатието обвини министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески кој изјави дека не е задоволен од работата и справувањето со снегот на патиштата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски