Половина милион гимназијалци во Израел протестираат против укинувањето на училишните екскурзии, останувајќи дома веќе трет ден по ред во овој прв од ваков вид национален протест на учениците во земјата, соопштија американските медиуми.
Министерството за образование соопшти дека протестот е насочен против одлуката на организацијата на израелски наставници, донесена пред неколку недели, да престанат да ги придружуваат учениците на училишните екскурзии.
Организацијата одлучи наставниците веќе да не ги придружуваат учениците се додека не добијат правни гаранции дека нема да бидат дадени на суд од родителите, доколку нешто им се случи на нивните деца,ученици, за време на екскурзијата.
Според министерството, прашањето било покренато после случајот на давење на ученик за време на училишна екскурзија.
Националниот совет на ученици денеска информира за протестот истакнувајќи дека во него се вклучени сите гимназијалци.
Според информации на израелските медиуми, наставниците дошле на работа и утврдиле дека училниците се празни.