Jaпонскaтa Влада побара рекордно зголемување на воениот буџет за следната година

Од:

Јапонската Влада денеска го одобри најголемиот воен буџет во историјата на земјата, што во себе вклучува планови за купување авиони за електронско разузнавање, беспилотни авиони и ловци Ф-35, а има за цел Јапонија да може поуспешно да се спротивстави на растечкото кинеско настапување во регионот,
пренесоа американските медиуми.

Премиерот Шиндзо Абе бара речиси пет билиони јени (42 милијарди долари) за буџетот за одбрана за годинава, што официјално почнува од април, како дел од рекордниот вкупен буџет во износ од 96,3 билиони јени (814 милијарди долари).

Буџетот треба да биде одобрен од Парламентот, што најверојатно и ќе се случи бидејќи владеачката коалиција на Абе има мнозинство и во двата дома.

Изборот на новите оружја со кои јапонските „сили за самоодбрана“ (како што се нарекуваат) сакаат да се снабдат, ја покажа намерата драстично да се зголемат можностите на земјата да ги заштитат ненаселените острови во Источно Кинексо Море, кои таа во моментов ги контролира, но на кои претензии покажува и  Кина.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови