Зајакните мерките за безбедност во „Џумхуриет“ по објавување делови од новото издание на „Шарли ебдо“

Од:

Турските власти ги зајакнаа мерките за безбедност во регионот на редакцијата во Истанбул на весникот „Џумхуриет“, кој денеска објави четири страници од најновото издание на парискиот сатиричен неделник „Шарли ебдо“.

Од полноќ пред редакцијата на весникот во квартот Шишли се распоредени оклопни полициски возила, а од еден часот улиците кои водат до редакцијата се затворени за движење со полициски кордон и железни бариери. Полициајци се распоредени пред објектот и во просториите на весникот.

Весникот „Заман“ пишува дека група граѓани, кои планираат да протестираат против „Џумхуриет“ чекаат во близина на зградата.

Зајакнати мерки за безбедност поради евентуалните протести се воведени пред зградата на весникот во квартот Чанкјака во Анкара. Со бариери се затворени двата влеза на улицата, на која се наоѓа зградата на „Џумхуриет“.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ