Собранието треба да одржи нова 31. седница

Од:

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи 31. седница.

На дневен ред се предлозите за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата, на Законот за хартии од вредност, на Законот за банките, на Законот за парничната постапка, на Законот за народен правобранител и на Законот за земојделство и рурален развој, сите во прво читање.

На оваа седница на дневен ред се и повеќе предлог закони за изменување и дополнување на закони за задолжување на Република Македонија кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за проектот за рехабилитација на источниот дел на железничката пруга на Коридорот 8 за делниците Куманово – Бељаковце и Бељаковце-Крива Паланка, за заем за проектот за набавка за нови влечни и влечени средства во МЖ Транспорт, за заем за финансирањње на програмата за национални патишта меѓу ЕБОР и ЈП за државни патишта и за заем за финансирање на проектот за рехабилитација на магистрални и регионални патишта меѓу Меѓународната банка за обнова и развој-Светска банка и ЈП за државни патишта.

Во второ читање на оваа седница се Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата, дополнетите предлози на закони за изменување и дополнување на Законот за производи за заштита на растенијата на Законот за здравствена заштита, Законот за квалитет на амбиенталниот воздух, Законот за снабдување со вода за пиење и одведување урбани отпадни води, Законот за облигационите и стварноправните односи во воздушниот сообраќај, како и пакетот закони во образованието.

Пред пратениците се и повеќе барања на автентични толкувања на членови од закони.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата

Собранието изгласа Резолуција за осуда на опозициските манипулации и нелегалната миграција

Горан Наумовски

Собранието ги донесе измените на Законот за буџетите

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Катерина Ѓуровски

Предлог одлуката за разрешување на Коцевски пристигна во Собранието

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2026 година