Граѓаните на Австрија оваа година ќе имаат можност да се изјаснат за излез на државата од Европската унија.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека е одобрена иницијативата за одржување референдум на граѓаните за напуштање на Австрија од ЕУ, кој ќе се одржи од 24 јуни до 1 јули.
Иницијаторите за изјаснувањето, предводени од Инге Раушер од Иницијатива за татковината и екологија, во 2011 година се обидоа да покренат референдум, но тогаш немаа успех поради формални грешки.
На 1 јануари оваа година Австрија одбележа 20 години членство во ЕУ.
Дозволата за одржување изјаснување, според организаторите, значи дека државата овозможува напуштање на ЕУ и оти нивното барање е правно дозволено.