Дваесет и седум луѓе ги загубија животите и повеќе од 100 се хоспитализирани во северна Индија, откако конзумирале шверцуван токсичен алкохол.
Жртви се жители на села во Лакнау и Унао областите во индиската држава Утар Прадеш.
Четиринаесет жртви беа регистрирани вчера додека 13 починале во болници ноќеска, соопштија властите.
Најмалку 120 луѓе побарале лекарска помош. Дел од нив го загубиле и видот.
Алкохолот бил пакуван во мали шишиња од по 200 милилитри и се продавал по цена од околу 30 центи.
Полицијата соопшти дека е уапсен човекот одговорен за дистрибуција на алкохолните пијалоци.
Илегално произведените алхолни пијалоци во Индија однесоа најмалку 170 човечки животи во Западен Бенгал во 2011 година и повеќе од 100 во Гуџарат во 2009 година.