Драстично намален увозот на работна сила во Шведска

Од:

Увозот на работна сила во Шведска драстично се намалува, за што главна причина е намалувањето на бројот на берачи на бобинки, иако промени се забележуваат и во повеќе други традционални бранши кои вработуваат голем број работници, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Пред шест години за лица вон ЕУ им беше полесно да добијат работна дозвола во Шведска. Тогаш беше укинат системот во чии рамки надлежните институции на пазарот на трудот решаваа во кои бранши е потребна странска работна сила. Наместо тоа, самите претпријатија почнаа да решаваат околу таа потреба.

Како резултат на тоа беше забележан пораст на увозот на работна сила во Шведска во изминатите години, но сега е присутен застој и јасен ретрограден процес на овој план, јави Шведското радио.

Лани во Шведска е одобрен најмал број работни дозволи на лица од земји вон ЕУ откако во сила стапи споменатата регулатива. Во текот на 2014 години биле одобрени вкупно 15.900 работни дозволи, во споредба со 19.300 колку што им биле одобрени на лица од странство во текот на 2013 година.

– Порастот беше прекинат во 2012 година и оттагаш имаме тренд на намалување, што е поврзано со заострените правила од страна на Миграцискиот завод. Сега се поставуваат мошне построги барања пред работодавачите, вели Торд Ингесон, миграциско-политички експерт при шведската Централна синдикална организација ЛО.

Освен намалувањето на бројот на берачи на бобинки во летниот период, од пред две години се забележува и застој и намалување на нови вработувања на лица од странство и во угостителскиот сектор, како и во чистењето и одржувањето.

– Лани само околу 300 лица од странство добиле вработување во Шведска како чистачи, вели Торд Ингесон.

Но, истовремено разботодавачите зачленети во организацијата „Шведско стопанство“, која ги застапува интересите на околу 60.000 мали, средни и големи претпријатија, укажуваат на нови знаци на зголемување на потребата од увоз на работна сила од странство, пред се кога станува збор за компјутерски елсшерти, инженери и готвачи.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Пукање во Шведска: Тешко ранет е тинејџер

Пукање во Малме, најмалку едно лице загина

Двајца Британци убиени, па запалени во Шведска

Горан Наумовски

Аларм во Стокхолм: Поради можна бомба евакуирана е Централната железничка станица