Ердоган го обвини Западот за дволичност

Од:

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган синоќа изјави дека гледа дволичност во реакцијата на Западот на терористичките напади во Париз од минатата недела.

– Разузнавачката служба не ги следи ли оние кои биле ослободени, запраша Ердоган на заедничка прес конференција со палестинскиот лидер Махмуд Абас.

Коментарот на Ердоган е даден  во момент кога кон Турција се упатуваат прашања за тоа – како пријателка на еден од напаѓачите минала низ Турција пред нападите и потоа влегла во Сирија.

Ердоган вели дека западните реакции на нападите во Париз биле проследени со исламофобија.

– Дволичноста на Западот е очигледна. Ние како муслимани никогаш не сме учествувале во тероризам. Тоа што е зад тие ѕверства е расизам, јазик на омраза и силамофобија, изјави Ердоган.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху исто така беше критикуван од турскиот претседател за учеството во Маршот на солидарноста во Париз.

– Како може чоек кој убил 2.500 луѓе во Газа со државен тероризам, да мавта со раката во Париз. Како смее тој да отиде таму?, запраша Ердоган.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ