Давутоглу: Турција не може да се обвинува поради тоа што граничи со Сирија

Од:

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу изјави дека Турција не треба да биде обвинувана дека е соучесник на еден од извршителите на терористичките напади во Париз минатата недела поради тоа што таа поминала преку Турција на пат кон Сирија пред извршување на убиствата.

– Турција не може да биде одговорна за тоа што Хајат Бумедиен, пријателка на еден од напаѓачите во Париз – Амеди Кулибали (кој зеде заложници во еврејска продавница за храна) влегла во Сирија преку турска територија. Не може нашата земја да биде обвинувана затоа што граничи со Сирија, истакна Давутоглу на заедничка прес-конференција со германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин.

Тој посочи дека турските власти треба прво да добијат разузнавачка информација за да им забранат на осомничените да патуваат.

– И покрај недостигот на разузнавачка информација ние сами ја завршивме работата и веднаш ја информиравме Франција. Тоа лице кај нас пристигна од Мадрид. Но, можеме ли за случајот да ја обвиниме Шпанија, посочи Давутоглу.

– Анкара ја држи отворена сириската граница не за да преминуваат терористи туку поради безбедноста на сириските граѓани. Турција депортирала од 1.500 до 2.000 странски државјани, чии имиња биле на црната листа, каде вкупно се наоѓаат 7.000 луѓе. Листата е доставена од меѓународните разузнавачки служби, потенцира Давутоглу.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ