Инцидентите во Франција ја зголемија меѓурелигиската тензија во Германија

Од:

Најавените масовни антиисламски демонстрации закажани за вечерва во поголем број германски градови меѓу кои најголеми се очекуваат во Дрезден се заканувааат да го зголемат нивото на меѓурелигиски тензии во една од најтолерантните европски земји, јави дописникот на МИА од Берлин.

По терористичките напади во Париз, Германија се подготвува да се справи со последиците од убиствата на вкупно 17 луѓе во соседна Франција. И покрај повикот на германскиот министер за правда Хајко Маас групата наречена Патриотски европејци против исламизацијата на западот не се откажува од протестите кои што би можеле да донесат насилство со оглед на тоа што паралелно со членовите на антиисламската асоцијација ПЕГИДА ќе протестираат и умерени групи кои што протестираат против антиисламистичките движења. Антипегида протестите се закажани во Хановер, Дизелдорф, Хамбург, Михнен и Берлин.

Голем број од германските аналитичари се загрижени дека приврзаници на спротивставените групи би можеле да дојдат во близок контакт и да започнат насилство кое што ќе биде тешко да се контролира. Многу пореално е како резултат на тензиите сите муслимани во Германија да бидат етикетирани како опасност за јавниот ред. На опасност од ваков развој на настаните предупредува и портпаролот на муслиманската група Ахмадија Муслим Џамат Германија Мухамед Мајока според кого „ПЕГИДА сака да покаже дека исламот е опасен и дека сите муслимани треба да бидат истерани од Германија“.

За среќа и покрај масовниот одѕив на антиисламските протести сепак генерално бројот на контрапротестантите се уште е значително поголем што покажува дека бројот на умерените Германци е поголем од тие што протестираат против исламот. За тоа пресудни се апелите на водечките германски политичари меѓу кои канцеларката Меркел која што во свој стил се очекува да се придружи на протестот што во Берлин го организираат умерени муслимански организации но и на медиумите кои повикуваат на коректен однос кон муслиманите. Дури и весникот „Билд“ кој лани објави антиисламски уводник сега отворено објавува текстови против активностите на ПЕГИДА.

Минатата 2014 година Германија прими околу 200.000 бегалци од Сирија а најмалку 550 германски државјани биле дел од оружените судири во Сирија и Ирак како дел од „Исламската држава“.

Би можело да ве интересира

„Шарли Ебдо“ повторно ги објави карикатурите на Мухамед поради кои беше мета на џихадистите

Ана Ололовска

„Шарли ебдо“ и по пет години по нападот остануива критичар на општетсвото

Ана Ололовска

Џихадистот Петер Шериф почнува со отслужување на петгодишна казна затвор

Ана Ололовска

Во Џибути уапсен џихадист поврзан со нападот врз „Шарли ебдо“

Ана Ололовска

Контроверзна карикатура на „Шарли Ебдо“ за сексуалните напади во Келн

Ана Ололовска

Една година по нападите против Шарли Ебдо и Хипер Кашер

Емир Латифовиќ