Мимица: Европа покажа дека е обединета во одбраната на слободата

Од:

Вчерашниот марш во Париз, како и собирите насекаде низ Европа, покажаа дека Европа стои обединета во одбраната на слободата и на своите вредности и начин на живот, истакна еврокомесарот за меѓународна соработка и развој, Невен Мимица, на денешната редовна прес-конференција во Брисел.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, хратскиот член на Колеџот на комесари на Европската унија, потврди дека единството е еден од симболите и во рамки на неговиот сектор за меѓународна соработка и развој.

– Со маршот во Париз, на кој присуствуваа 47 шефови на држави или влади, како и претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер и еврокомесарот за внатрешни работи Димитрис Аврамопулос, ние покажавме колку сме силни во одбраната на нашите вредности. Тоа се мои, ваши, вредности на сите нас, истакна еврокомесарот Мимица.

Европската унија официјално започна подготовка на програма за борба против тероризмот, со фокус на странските борци во рамки на групата Исламска држава (ИД) кои доаѓаат од земјите-членки на Унијата.

Ова посебно што и официјално е познато, според видео-снимката откриена во станот на Ахмади Кулибали, терористот што во Париз држеше во заложништво 15 лица во супермаркет за кошер храна, убивајќи четворица од нив пред и самиот да биде застрелан од страна на полицијата, потврди дека тој и браќата Куаши, кои го извршија масакрот во магазинот „Шарли Ебдо“, биле една група што му припаѓа на т.н. Исламски калифат.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ