Потребно е силно ограничување на имиграцијата во Европа, изјави синоќа унгарскиот премиер Виктор Орбан, барајќи енергичен европски одговор на минатонеделните убиства во Франција.
Крававите напади, во кои 17 лица беа убиени од тројца исламски екстремисти, родени во имигрантски семејства во Франција, веројатно ќе ги засилат антиимигрантските движења во Европа и Орбан, кој и претходно повикуваѓе на ограничување на имиграцијата, рече дека е крајно време Брисел да преземе строи мерки, пренесува БТА.
– Не треба да гледаме на економската имиграција како на нешто корисно, таа носи само непријатности и закани за Европјаните. затоа имиграцијата треба да биде сопрена. Тоа е унгарскиот став, изјави Орбан на унгарската државна телевизија. Тој дополни дека исклучок треба да се направи само за луѓето кои бараат политички азил.
– Унгарија нема да стане целна дестинација на имигрантите. Нема да го дозволиме тоа, барем не додека сум јас министер и додека оваа влада е на власт, потенцираше Орбан. – Не сакаме меѓу нас да има значително малцинство со различни од нашите културни карактеристики и традиции. сакаме да ја сочуваме Унгарија како Унгарија, рече тој.