Непознат сторител викендов извршил кражба во црквата „Св. Атанасије“ во населбата Оризари, кочанско.
Како што информират од МВР, крадецот насилно ја отворил влезната врата на црквата, влегол внатре и повторно насилно ги отворил заклучените каси поставени во црквата и од нив одзел околу 10.000 денари, по што го напуштил местото на настанот.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.