Индекс на Репортери без граници: Финска четврта година по ред на врвот на држави по степен на слобода на печат

Од:

Организацијата Репортери без граници ја објави листата од 180 држави рангирани по степен на слобода на печат за 2014 година, на која Финска веќе 4-та година по ред е на првото место.

Зад неа како и во Индексот за 2013 година се Норвешка и Холандија.

Од друга страна, на последните три места се Туркменистан, Северна Кореја и Еритреја, три држави во кои како што се наведува во извештајот, слобода на печатот не постои и се „вистински пекол за новинарите“.

Индексот оваа година има 180 држави, една повеќе од лани. Додадена е државата Белизе која е на 29 место.

Македонија е на 123 место, седум места пониско од претходниот извештај.

Најлошо оцената држава од Европската унија е Бугарија  додека Хрватска како нова членка на Унијата се најде на 65 место.

Би можело да ве интересира

Акциски план на ОН за физичка и правна заштита на новинарите – десет години потоа

Ана Ололовска

Совет на Европа: Слободата на печатот е клучна во услови на криза

Ана Ололовска

Три четвртини од новинарките во светот биле жртви на закани и напади преку интернет

Жарко Настоски

ИФЈ: Во 2020 година се убиени 65 новинари и медиумски работници

Ана Ололовска

Репортери без граници: Во 2020 година убиени се 50 новинари, повеќето во држави што не се во војна

Ана Ололовска

Комитет за заштита на новинарите: Во 2020 година уапсени рекордни 274 новинари

Катерина Ѓуровски