Четири држави од ЕУ бараат „алтернатива на руската пропаганда“

Од:

Велика Британија, Данска, Естонија и Литванија денеска ја повика Европската унија да формира „информативна алтернатива на руската пропаганда“, јави Радио Слободна Европа.

Шефовите на дипломатии на четирите земји во писмо упатено до високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, наведуваат дека Москва ги задушува независните медиуми и ги засилува дезинформациите, како одговор на западните критики поради војната во Украина.

– Пропагандата на Кремљ има за цел да го поткопа единството на ЕУ и на Западот, се наведува во писмото и од Унијата се бара до 2016 година да формира „алтернативни извори на информации“ како одгвор на руската пропаганда.

Апелот на четирите земји доаѓа неколку дена откако летонскиот претседател Андрис Берзињш најави дека разгледува планови за формирање на телевизиски канал на руски јазик со поддршка од ЕУ.

Околу 40 отсто од жителите на Летонија и на соседната Естонија се со руско потекло и тие редовно следат телевизиски програми емитувани од Русија.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ