Изрешетан познат бугарски бизнисмен

Од:

Во бизнисменот Митко Дамјанов и неговата сопруга биле истрелани 8 куршуми, а убиството најверојатно го извршиле аматери, соопштува бугарската Нова телевизија.

Сопружниците беа застрелани вчера вечерта околу 20:30 часот на паркинг помеѓу две згради во населбата Витоша во Софија. Убиецот го чекал семејството Дамјанови пред зградата и веднаш штом Митко и неговата сопруга излегле од автомобилот тој пукал во нив со пиштол.

– Она што можеме да го соопштиме сега засега е дека убиството е извршено со огнено оружје. Истрагата се уште е во тек и сметам дека не е коректно во овој момент да дадам било какви информации кои подоцна можат да се покажат како неточни, изјавил синоќа главниот секретар на МВР Светлозар Лазаров.

По непознатиот сторител се уште се трага.

Би можело да ве интересира

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ

Медиуми: 1,6 милиони евра поврзани со нападот во Либан поминале низ Бугарија

Горан Наумовски

Бугарското МНР за знамињата на средбата меѓу Сиљановска Давкова и Радев: Посетата не беше официјална