2015: Година на коренити пресврти

Од:

Светот влезе во 2015 година. Луѓето се надеваат на подобро, но се подготвуваат за најлошо.

Добро е да се биде оптимист кога годината ќе почне со рафали од граѓанската војна во Украина, со заканата од Киев дека ќе го реши проблемот со Донбас и Крим по воен пат во најмала рака до крајот на 2015 година, со отворени изјави од САД за намерата да ја уништи Русија и за почеток да ја променат власта со помош на мајдански технологии. И сето тоа е следено со санкции против Русија и Кина и напади на рубљата. Русија издржа. Дури, Русија се консолидираше внатрешно и успеа да консолидира поголем дел од државите на планетата врз основ на неприфаќање на американската концепција за униполарен свет. За прв пат од почетокот на 20 век, ресурсната база под контрола на САД ја отстапува на ресурсната база на нивните опоненти, кои Американците сами ги прогласија за непријатели и не им оставија друг избор, освен тоа и да станат.

Првпат во својата историја САД се најдоа во состојба слична во таа во која Германија стапи во двете светски војни. Повеќе или помалку долготрајната војна беше смртоносна и за Вториот и Третиот рајх. Неспоредливоста на ресурсните бази доведуваше до тоа веќе 2 до 3 години по почетокот на борбените дејствија, Германија да почне да заостанува зад противникот во се – од бројот на вооружените батаљони до количината на сите видови на техника и понатаму оваа разлика само се зголемуваше. Затоа во двете светски војни Германија стапи вооружена со концепцијата блицкриг – секавична војна, која води до победа во рок од месец или два (во некои случаи дури неколку недели или денови). Блицкриг беше неопходен за непријателот да не стигне да ја покрене својата ресорсна моќ. Во двата случаи Западот не најде ништо што би можело да се спротивстави на германскиот блицкриг, освен руската армија.

Сега, првпат во историјата на светските војни, Русија и Англосаксонците ги заменија улогите. Русија живее мирно, затоа што секој ден, секоја недела, секој месец, година, нејзината ресурсна надмоќ (вклучувајќи ги и сојузниците) се зголемува, а позицијата на САД е се побезнадежна. САД се брзаат. На нив им е потребен блицкриг. Уште малку и ресурсната разлика ќе достигне таква висина кога нивната конфронтација со Русија и таборот на нивните опоненти на униполарниот свет со Русија на чело, ќе стане таква што борбата на Вашингтон против Москва ќе делува исто толку смешно и незграпно како што тоа денес би можело да делува борба на Лесото или Непал против Вашингтон.

Токму затоа 2014 година беше толку тешка. САД ги мобилизираа сите постоечки ресурси, ги вооружија сите можни сојузници и сетоа тоа го упати на Русија. Меѓутоа, руската економија само почна престројување на нов колосек. Во нормален режим (без војна) би биле потребни уште 10 до 15 мирни години без стресови да се ослободи од доларот, да се повлече од едностраната зависност од Западот, да создаде и да ги покрене меѓународните структури. Исто како во 1941 година мораше се да се прави во од.

2015 година нема да биде лесна. САД не се предадоа. Тие сеуште не победија, но не ни изгубија. Тие ќе се борат очајнички, користејќи ја секоја можност, бидејќи тоа е војна до уништување. Но 2015 година треба да биде година на коренит пресврт. Не 1942 година, кога пресвртот не успеа, туку 1943 година, кога по Курската битка сомнежите во конечен исход од војната кај никого не останаа.

Меѓу другото, достигнувањето на коренит пресврт во 2015 година воопшто не значи дека конечна победа не очекува во текот на годината. Судејќи според бродоградежната програма на руската флота, која предвидува дека ќе може да обезбеди присуство на своите бродови во 2 – 3 клучни точки на светското мое по пат на држење на постојани ударни трупи во тие региони најрано до 2020 – 2021 година, конечниот пораз на САД не може да се планира пред 2017 – 2018 година. Светското море не е железничка станица. Поморските патишта треба да се контролираат и да се чуваат. Токму меѓу 2018 и 2020 година Русија, Индија и Кина можат да преземат на себе консолидирана одговорност за безбедност во пловидбата.

Но, тоа е работа на прекрасна иднина. А за сега не чека 2015 година. Тешка, но успешна година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ

Ограбен домот на пејачката Џеси Џеј, украден накит вреден повеќе од 20.000 долари

Предраг Петровиќ

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ