Секои 11 дена по една кавга за нередот дома

Од:

За повеќето двојки, заедничкиот живот е почеток на посериозен однос. Иако заедничкиот живот може да звучи многу романтично, тој често е повод и за бројни кавги и проблеми.

Двојките поради нередот во станот во просек се караат 32 пати годишно, односно секои 11 дена, пренесува Дејли Меил, повикувајќи се на британско истражување, спроведено на примерок од 2000 лица. Според ова истражување, на партнерот или партнерката најмногу се забележува чувањето непотребни работи.

Така жените на мажите најчесто им приговараат за чување на опремата за фитнес-центар иако веќе долго време не ја користат, потоа што чуваат расипана техника и непотребен алат. Од друга страна, мажите забележуваат тоа што жените прават купови од облека, предмети за домаќинството и дребулии кои не служат за ништо.

Поради честите кавги и неможноста да се најде компромис, дури десет отсто од двојките одлучуваат да ја прекинат врската.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ

Ограбен домот на пејачката Џеси Џеј, украден накит вреден повеќе од 20.000 долари

Предраг Петровиќ

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ