Туск: Самитот на ЕУ на 12 февруари ќе биде посветен на борбата против тероризмот

Од:

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск денеска најави оти на 12 февруари во Брисел ќе се одржи средба на врвот на Европска унија посветена на борба против против тероризмот.

Средбата е закажана по нападот врз францускиот сатиричен неделник „Шарли ебдо“ во Париз при што загинаа 12 луѓе.

– Синоќа разговарав со претседателот (на Франција, Франсоа) Оланд и ќе ја искористам средбата на шефовите на држави и на влади на 12 февруари, да разговараме како одговор може да даде ЕУ на предизвиците во борбата против тероризмот, истакна Туск по средбата со летонската премиерка Лајмдота Страујума.

В недела во Париз министрите за внатрешни работи и правда на земјите-членки на Европската унија и на САД ќе присуствуваат на меѓународна средба посветена на борбата со тероризмот.

Меѓу учесниците ќе биде и американскиот секретар за правда на САД, Ерик Холдар, координаторот на ЕУ за борба со тероризмот Жил де Керхов, еврокомесарот за внатрешни работи Димитрис Аврамопулос.

– Средбата е израз на солидароност со Франција по крвавиот напад врз редакцијата на сатиричниот неделник „Шарли Ебдо“, како и да се разгледа заедничкиот предизвик испратени од терористите. На него можеме да дејствуваме само заедно, во ЕУ и надвор од неа, посочи францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казенев.

Средбата ќе се одржи во француското Министерство за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ