Изутринава, околу девет часа дојде до престрелка во Дамартан ен Гуел, на Националниот пат 2, во зоната каде се распоредени елитните полициски сили кои трагаат по браќата Шериф и Саид Куаши.
Претходно беше сигнализирано дека е украден автомобил од марката Пежо 206 во Виле-Котере на северо-истотокот од Париз, од две лица кои се совпаѓаат со портретот на браќата Шериф и Саид Куаши.
Како што јави француското радио Франс Инфо, полициски извор потврдил дека има заложници, но од Минирството за внатрешни работи не е потврдена веста. Според очевидци пет хеликоптери го надлетуваат местото на престрлката.