Во СБ на ОН минута молчење за жртвите во Париз

Од:

Во Советот за безбедност на Обединетите нации вчера со минута молчење им е оддадена почит на 12. жртви во терористичкиот напад во Париз.

Откако чилеанскиот амбасадор Кристиан Барос Мелет во име на СБ изрази жалење поради недозволивиот варварски напад врз новинарите на сатиричниот неделник „Шарли ебдо“ уследи минута молчење.

СБ остро го осуди нападот во кој беа убиени карикатуристи и главниот уредни, потенцирајќи дека тоа не е само терористички туку и кукавички чин.

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун апелираше за толеранција, потсетувајќи на застрашувачките снимки на убиствата на полицајците на улица пред редакцијата „Шарли ебдо“.

– Сега знаеме како се викаше полицаецот. Тој беше Амед Мерабет. Беше муслиман. Тоа е уште едно потсетување со што се соочуваме. Никогаш тоа не треба да се гледа како борба меѓу религиите, за религијата или во име на религијата. Нападот врз „Шарли ебдо“ е напад врз хуманоста, смислен да заплаши. Ако тоа поттикне омраза ќе се придвижи спиралата на насилство, а тоа го сакаат терористите. Не смееме да паднеме во таа замка, посочи Бан.

Би можело да ве интересира

„Шарли Ебдо“ повторно ги објави карикатурите на Мухамед поради кои беше мета на џихадистите

Ана Ололовска

„Шарли ебдо“ и по пет години по нападот остануива критичар на општетсвото

Ана Ололовска

Џихадистот Петер Шериф почнува со отслужување на петгодишна казна затвор

Ана Ололовска

Во Џибути уапсен џихадист поврзан со нападот врз „Шарли ебдо“

Ана Ололовска

Контроверзна карикатура на „Шарли Ебдо“ за сексуалните напади во Келн

Ана Ололовска

Една година по нападите против Шарли Ебдо и Хипер Кашер

Емир Латифовиќ