Освен што избегнуваат разговори за своите врски, мажите уште повеќе избегнуваат да разговраат за причините за раскинување. Изговорите се разни: од тоа дека не сакаат да ја повредат поранешната партнерка до тоа дека не сакаат драми.
Едно британско истражување ги вклучи слободните мажи над 35 години и ги отрки нивните најчести изговори за прекин на врската, а кои биле целосно лажни.
1. Не сум подготвен за врска
Ова е легитимна причина само доколку сте биле заедно неколку денови и почнувате да согледувате дека вашата партнерка има сериозни планови. Но, доколку по неколку месеци врска, мажот каже ваква реченица, јасно е дека е лажна причина. Мажите на овој начин само ја потврдуваат својата несериозност и неподготвеност за врска. Изговорот за неподготвеност за врска 44 отсто од мажите го искористиле како (за себе) најбезболна опција за раскинување.
2. Заслужуваш подобар
За да се излезе од врската со чист образ, мажите се подготвени себе си да се стават во позиција на жртви, па неретко како изговор за раскинување наведуваат дека не се во можност да дадат повеќе, а таа заслужува повеќе. Таквиот начин на раскинување го избираат 32 отсто од мажите.
3. Проблемот е во мене, ти си совршена
Мажите имаат посебни способности лесно да се извлечат од врската, играјќи на картата „преземање вина“.
Тука се крие привидното чувство на сигурност со намера својата партнерка да не ја повредат, а лажниот изговор од типот „ти си прекрасна и јас не те заслужувам“ го употребуваат дури 24 отсто од мажите за да ја раскинат врската.