Атентаторката од Истанбул била руска државјанка

Од:

Руската државјанка Диана Рамазова е извршителката на самоубиствениот бомбашки напад во вторникот пред полициска станица во раздвижениот туристички реон на Истанбул, соопшти весникот „Хуриет дејли њуз“.

Во нападот беше убиен еден турски полицаец.

Истрагата за случајот ја водат полицијата и разузнавачката служба МИТ.

Според информации од истрагата, во мобилниот телефон на атентаторката биле најдени „странски телефонски броеви“. Познато е дека таа пред нападот на руски јазик зборувала со возачот на такси возило.

Полицијата претпоставува дека извршителката на нападот е Чеченка.

Непосредно пред турските власти да го утврдат идентитетот на атентаторката, левоекстремистичката организација Револуционерна партија и фронт за народно ослободување (DHKP/C) ја презеде одговорноста за нападот.

Семејството на осомничената атентаторка, меѓутоа, изјави дека трупот што им бил покажан во мртвовечницата не бил на нивната ќерка.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ