По вчерашниот терористички напад врз редакцијата на францускиот сатиричен неделник „Шрли ебдо“ во Париз, Австрија презеде мерки за безбедност, изјави синоќа директорот на Службата за уставна безбедност и борба против тероризмот (БВТ) Петер Гридлинг.
Во дневникот на австриската државна телевизија ОРФ, тој истакна дека во Австрија, како и на сите други места постои „апстрактно зголемена опасност“’, која не може конкретно да се докаже.
Потенцијал за закана Гридлинг гледа во повратниците од џихад и истакнува дека австриските безбедносни институции се свесни за овој проблем.
На прашањето дали во Австрија во минатото, како во Франција, се спречени терористички напади, тој објасни дека „немало непосредно спречување на ова кривично дело“.
Претходно Гридлинг кажа дека Австрија и понудила помош на Франција. Според него, австриските безбедносни институции стапиле во контакт со француските колеги, додавајќи дека до сега нема знаци дека постојат врски на терористите со Австрија.