Русија и Турција веќе преговараат за „Турски поток”

Од:

Турција и Русија веќе преговараат за иднината рута на гасоводот “Турски поток”. Ова го соопшти пред новинарите турскиот министер за енергетика Танер Јилдиз, пренесе Стандард њуз.

“Во моментов се водат преговори на економско ниво, за време на кои треба да се одреди која ќе е трасата и местото на идниот гасен центар, како и трасата на цевката преку Црното Море. Постојат различни можности. Значи прво е потребно да се анализираат сите технички и економски индикатори “, рече тој.

“Турскиот проект” не се натпреварува со “Трансанадолскиот гасоводен проект” (ТАНАП), на кој се предвидува да се доставува азербејџански гас за Турција и Европа. Се очекува тоа да се случи до 2020 година, објасни министерот.

Јилдиз истакна дека во преговорите учествуваат “Гаспром” и “Ботас”.

Во декември минатата година стана јасно дека Русија се откажува од “Јужен поток” за транзит на гас за ЕУ во Бугарија. Рускиот претседател Владимир Путин најави при посетата на Анкара, дека ја избрал Анкара. Така тој се договори со турскиот колега Реџеп Ердоган за “Турски поток”

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ