Град Скопје ќе ја издава Автобуската станица за 2, 7 милиони евра

Од:

Градот Скопје објави меѓународен јавен оглас за давање под закуп на Автобуската станица–Скопје. Давањето под закуп на Автобуската станица ќе се изврши по пат на усно јавно наддавање што ќе се одржи во просториите на Град Скопје на 30 март.

Според условите на јавниот повик, основен критериум за избор ќе биде највисоката понудена закупнина, при што почетната цена за закуп не може да биде помала од 170 милиони денари, или 2 милиони и 764 илјади евра, без вклучен ДДВ.

Автобуската станица – Скопје ќе се даде под закуп за временски период од 15 години како целосно функционален простор дефиниран со имотните листови.
Од Град Скопје потсетуваат дека тендерот се распишува заради тоа што во 2015 година, се навршуваат 15 години откако Градот Скопје ја издаде под концесија Автобуската станица и истекува договорот за закуп.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош